Норис побрз од Антонели и Расел на спринтот во Бразил (ВИДЕО)

Спринт-трката во Бразил понуди големи возбудувања, но и хаос на патеката поради дождливото време кое предизвика неколку болиди да ја загубат контролата. Сепак, на крајот се радуваше возачот на Мекларен, Ландо Норис.

Норис триумфира на спринт-трката во Бразил, откако неговиот колега Оскар Пјастри испадна претходно од патеката, па со тоа дополнително ја зголеми предноста на врвот во генералниот пласман.

Зад победникот во Бразил завршија двајцата возачи на Мерцедес, Антонели и Расел, додека во топ-5 имаше место и за Ферстапен од Ред Бул и Леклер од Ферари.

Фото: EPA