Ѓорче Петров храбро се бореше, но го загуби првиот меч од Елче во Купот на ЕХФ
Одбраните на двете екипи одиграа многу добро, па во првото полувреме беа забележани само 16 погодоци, односно Елче замина на паузата со 9-7.
Ракометарките на Ѓорче Петров не се предаваа и намалија на еден гол негатива (11-12), а потоа успеаја и да израмнат на 13-13 во 47. минута.
Големата борба продолжи и во завршницата од мечот (16-16), но Елче влезе во серија од три погодоци и успеа да триумфира со 19-16.
Најефикасна во победничкиот тим беше Ванеса Рубио со четири голови, додека Армина Исиќ постигна четири погодоци за Ѓорче Петров.
Реваншот меѓу Ѓорче Петров и Елче се игра в недела од 12 часот.
Фото: РФМ