Кејн во 93. минута го спаси Баерн од пораз - заврши побеничката серија!
Баерн Минхен во овој натпревар влезе со девет победи од девет натпревари во Бундеслигата, но овојпат беше поинаку.
Унион Берлин е тим кој е на средина на табелата, па денешниот резултат е изненадување.
Унион Берлин поведе со гол на Доеки во 27. минута, но десет минути подоцна Диаз изедначи на 1-1 и тогаш се веруваше дека Баварците се движат накај пресврт и нова победа, но не беше така.
Во 83. минута Доеки постигна уште еден гол, овојпат за победа од 2-1, а во 93. минута Хари Кејн со гол го спаси Баерн од пораз, резултат беше 2-2.
Посебно убедлив денеска беше Баер Леверкузен кој со 6-0 го совлада Хејденхејм. Дури пет од шесте голови беа постигнати во првото полувреме.
Борусија Дортмунд во 97. минута испушти победа против Хамбургер. Милионерите водеа од 64. минута, но не го сочуваа водството до крај, примија гол длабоко во судиското продолжение. Мечот заврши 1-1.
Хофенхајм со 3-1 беше подобар од Лајпциг.