Ѓоковиќ како во најдобрите денови - со спектакуларни поени и по голема борба до 101. титула! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ по голема борба и финале кое траеше точно три часа успеа да го совлада Лоренцо Музети со 2-1 во сетови за титула на турнирот во Атина.

Не тргн добро Ѓоковиќ, Музети уште во третиот гем успеа да го одземе сервисот на српскиот тенисер и така да поведе со 2-1. Во продолжение Италијанецот беше сигурен на свој сервис и не му дозволи на Новак да направи брејк, па така и го освои првиот сет со 6-4.

Еден брејк видовме и во вториот сет, но дури во осмиот гем и тогаш за Ѓоковиќ кој во наредниот само го потври за да израмни на 1-1. Во вториот сет видовме и еден фантастичен поен на Новак кога се фрли на теренот и само уште еднаш ја покажа својата фантастична физичка форма.

Најголемата борба следуваше во третиот, одлучувачки сет двајцата тенисери прво по двапати го изгубија својот сервис за Ѓоквиќ клучниот гем да го освои за водство од 6-5. Тогаш Музети успеа да спаси дури четири брејк топки, но не издржа и Ѓоковиќ доби можност да сервира за победа.

Не ја испушти Новак таа можност и брзо ја заврши работата за конечен триумф. Музети пропушти со триумф да обезбеди место на Завршниот Мастерс во Торино.

Фото: Novak Djokovic/X