Соиграч на Несторовски постигна спектакуларен гол! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Славен Белупо каде што настапува македонскиот напаѓач, Илија Несторовски ремизираа денеска 1-1 на гости кај Локомотива, а во овој дуел видовме и еден спектакуларен гол.

Во финишот од првото полувреме 20-годишниот Адриано Јагушиќ испрати вистинска „бомба“ за која голманот на домаќините немаше одговор. Локомотива до бод сепак успеа да дојдесо голот на Веловиќ во 80. минута.

Кога е Несторовски во прашање, го одигра цел натпревар, а во финишот заработи и жолт картон поради кој ќе го пропушти следниот натпревар.