Сандерленд за да го запре Арсенал ги употреби и рекламите

Фудбалерите на Арсенал денеска по пет победи во низа во Премиер лигата беа запрени од Сандерленд (2-2), а по овој натпревар на социјалните мрежи се појави интересен детал.

Имено, од редовите на домаќините одлучиле пред почетокот да ги поместат рекламите и да ги донесат поблиску до аут линијата со цел да спречат долги уфрлувања на гостинските фудбалери.

На тој начин фудбалерите можеа да земат само крток залет од два чекори. Островските медиуми пишуваат и дека со слично „оружје“ Сандерленд се служел и минатата сеезона во плеј-офот за влез во Премиер лигата против Чемпионшип.

Standings provided by Sofascore