Пелистер не може да се помири со поразот од МЗТ - криви му се судиите!
МЗТ до победата дојде со подобар игра во последниот период меѓутоа во Битола сметаат дека скопскиот тим имал и помош од судиите, па испратиле жалба до федерацијата.
„КК Пелистер ја информира јавноста дека веднаш по мечот испрати официјална жалба до федерацијата поради начинот на кои арбитрите ја делеа кошаркарската правда на овој дуел, во кои наместо кошаркарите, тие се најдоа во главна улога“, стои во реакцијата на социјалните мрежи на клубот од Битола.
На табелата во Првата лига по шест кола единствено максимален остана ТФТ со шест победи, Пелистер, Куманово и МЗТ имаат по еден неуспех.