Никој не победи во Серија А денеска - ремизираше и Милан со Парма! (ВИДЕО)

По три натпревари во Серија А во кои не видовме погодоци, мрежите конечно се тресеа вечерва на дуелот помеѓу Парма и Милан, но повторно никој не победи (2-2).

Салемакерс имаше одлични почетни минути и прво го отвори резултатот во 12. минута, а потоа и изнуди пенал во 25. минута кој во гол го претвори Рафаел Леао.

Домаќините не ги откажаа негативата од два гола и преку Бернабл во завршницата од првиот дел намалија на 2-1.

Многу возбудувања и шанси гледавме и во второто полувреме во кое и покрај таквата игра видовме само уште еден гол и тоа во мрежата на Мањан, а стрелец беше Дел Прато во 62. минута.

Во следното коло по репрезентативната Милан го чека големото дерби против Интер, додека Парма гостува на Верона.

Standings provided by Sofascore