Норис прв ќе стартува во Бразил - кошмарни квалификации за Ферстапен!

Возачот на Мекларен Ландо Норис ќе тргне од пол-позицијата на трката во Бразил откако денеска извозе извонреден втор круг на патеката „Интерпелагос“.

Норис до првата позиција дојде со време од 1:09:511, а зад себе го остави Италијанецот Антонели, трет ќе тргне Шарл Леклер.

Тимскиот колега на Пјастри со заостанување од 0.375 секунди мораше да се задоволи само со четвртата позиција. Зад нив ќе стартувваат: Исак Хаџар, Џорџ Расел, Лиам Лоусон, Оливер Берман, Пјер Гасли и Нико Хулкеберг.

Ужасни квалификации имаше Ферстапен кој утре ќе стартува дури од 16. позиција.

Фото: EPA