Голчиштето на Тросар не беше доволно, Сандерленд го запре Арсенал! (ВИДЕО)
Сандерленд кој сезонава е најпријатното изненадување во Премиер лигата прв дојде до водство во 36. минута со голот на Беларди и тоа беше единствениот погодок по првиот дел. Арсенал се врати на стартот од вториот дел кога стрелаше Сака.
Тргна тимот на Артета по три бода и успеа да дојде до водство во 74. минута кога фантастичен гол постигна Тросар, но тоа не беше доволно за три бода. Се играше четвртата минута од судиското продолжение кога Бробеј го совлада Раја за конечни 2-2.
За Арсенал ова беше прво реми во Премиер лигата по пет натпревари, додека Сандерленд ремизираше вторпат во низа.