Гризман херој, Атлетико се израмни со Барса (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во ефикасен натпревар славеа победа од 3-2 и така се израмнија со Барселона на втората позиција која допрва треба да го игра својот натпревар од ова коло.

Резултатот беше отворен со автоголот на Дела по само 12 минути игра, но гоститее брзо се вратија и во 21 минута погоди Санчез за 1-1. Со по еден гол на двете страни се замина и на пауза.

Во вторио дел херој за избраниците на Диего Симеоне беше Антоан Гризман кој прво го врати водството на својот тим во 61. минута, а потоа и го зголеми на десетина минути пред крајот. Леванте во судиското продолжение постигна гол, меѓутоа истиот беше поништен поради реакција на ВАР.