Охрид во второто полувреме го скрши Пролет и врза пет победи

Ракометарите на Охрид по поразот во дербито со Пелистер во петтото коло врзаа и пет победи во низа откако денеска без многу проблеми ја оправдаа фаворитската улога со Пролет (30-20)

Скопскиот тим во Охрид рамноправен беше само во првото полувреме во кое домашниот тим најмногу одеше до три гола предност, а на пауза замина со 13-11.

Во вториот дел домаќините сепак не успеаа да продолжат да му парираат на фаворитот и многу брзо со неколку кратки серии домашните ракометари направија предност која беше недостижна.

Претходно петта победа во Суперлигата запиша Пелистер 2 кој славеше над Струга на гостински терен.