Металург со реми се враќа од Сплит!

Ракометарките на Металург ремизираа во Хрватска против тимот на Сплит (24-24) во рамките од првиот натпревар во новвото коло на ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот претставник имаше осцилации во играта, но и покажа голема борба, па сега на домашен терен ќе се бори за следно коло. Ниту еднаа од екипите не успеа да направи поголема предност, Металург најмногу поведе со три гола разлика во второто полувреме, но на крајот сепак следуваше драма.

Металург има за што да жали затоа што при водство одд 23-22 не реализираше два напади, а потоа домаќините е изборија за реми. Коларовска беше најефикасна со осум гола, додека Миновска и Божиновска постигнаа по три. Фраделиќ на спротивната страна „броеше“ до 10.

Реванш натпреварот на програмата е следната недела во Скопје.