Пелистер до врв ја наполни мрежата на Куманово
Беше јасно кој е кој во овој натпревар, па немаше никакви дилеми дека бодовите ќе отидат на контото на Пелистер.
Кумановчани доживеаа потоп уште во првото полувреме кое заврши во полза на пелистерци со 20-8. И покрај огромната предност, битолчани не прекинаа да го мелат противникот, напротив удрија уште посилно и дојдоа до победа од 45-20.
Предводник во победата беше Филип Кузмановски со седум голови, исто толку имаше и Петар Атанасијевиќ кој шутираше седум од седум. Во составот на Куманово Цековски и Стојков дадоа по четири голови.