„Со неспособната управа Тетекс го чека Трета лига или – клуч!“

Бурата во Тетово околу еден од најголемите македонски брендови Тетекс не запира, зашто навивачите на овој клуб, поранешен освојувач на Купот на Македонија, се бесни на управата за хаосот кој се случува, откако по завршувањето на ланската сезона се случија промени во раководството и на клупата.

Ако Тетекс во изминатата сезона имаше добар настап во Втората лига – Запад, предводени од Славчо Георгиевски и Дејан Цветковски на клупата, во новата сезона клубот влезе со ново раководство и со Бојан Захариев како тренер, а пред два дена навивачите бесно реагираа на катастрофите што нивниот миленик во овие подготовки пред стартот на новата сезона ги претрпе, па „штофарите“ се едни од кандидатите и за испаѓање од второлигашката конкуренција.

Сега приврзаниците на Тетекс им дадоа последна опомена на „реформаторите“, предупредувајќи дека на клубот со неспособната управа му се заканува најмалку Трета лига, а можеби и клуч и побараа да се најдат пари на било кој начин, па и со банкарски кредит за клубот да застане на здрави нозе, зашто во моментов од играчкиот погон фудбалери си заминуваат или не тренираат зашто нема денар во клупската каса.

Целата реакција на навивачите ви ја пренесуваме во целост.

„Поминаа два месеци од кога официјално со фудбалскиот клуб Тетекс раководат лица кој се нарекуваат ,,реформатори”, а немаат ни Р од истото, туку тука се од личен интерес мислејќи ќе тече мед и млеко во Тетекс. Бидејќи управата и претседателот спијат и не ја информираат македонската јавност односно своите верни фанови и симпатизери дека по нивна иницијатива го поставија за шеф на стручен штаб ,,сомнителниот” Бојан Захариев, а првично во одборот преставија спонзор од Турција кој има агенција за фудбалери, за сега да се воспостави дека тоа било само мачкање очи.

Сега истите немаат ниту пари ниту за плати, дел од фудбалерите одбиваат да тренираат, а некој веќе си најдоја и нов клуб.

Мора да потсетиме дека пред стартот профилот Тетекс Тетово на фејсбук кој се нарекува единствен медиум на клубот најавуваше целокупно реновирање на соблекувалните и нови проекти во блиска иднина. Освен PVC прозор од донација, клинче не зачукаја!

За жал со оваа неспособна управа и вештачкиот претседател Тетекс го очекува најлошото сценаријо - трета лига или клуч!

ps: Донесете пари како што сте ветиле, ако немате, подигнете Кредит!!!

Немојте да си играте со светото име - ТЕТЕКС!!

Инаку неславно ќе завршите !!!

ТИКА-ТАКА“, објавија навивачите на Тетекс.