Шкупи се разбуди: Се засили и со германски голман!

Екипата на Шкупи во последните два дена е активна на трансфер пазарот, а денеска се засили и со германскиот чувар на мрежата Максимилијан Гроте.

Гроте е 23-годишен голман кој во редовите на Шкупи пристигнува од екипаа на Кобленц која изминатата сезона ја заврши на осмата позиција во петтиот ранг на германскиот фудбал. Своевремено Гроте беше дел и од младинските категории на Мајнц и преселбата во Шкупи за него е прв ангажман надвор од Германија.

Во сениорска конкуренција зад себе Гроте има над 40 настапи. Тој е третото засилување за чаирчани по Емре Кадриу и Адонис Милај.