
Шкендија вчера го победи ФЦСБ, денеска игра пријателски натпревар
Противник на Градскиот стадион во Тетово ќе ѝ биде Работнички кој минатата недела беше елиминиран во квалификациите за Конференциската лига и се подготвува за стартот на сезоната во домашното првенство. Целта на тренерот Јетон Беќири е против Работнички да добијат шанса фудбалерите кои вчера не играа или имаа мала минутажа, додека останатите ќе работат под посебна програма.
Натпреварот се игра од 18 часот, а ќе биде отворен за сите навивачи на Шкендија кои сакаат да ги поздрават своите фудбалери.