Шкендија подготвува многу пари за да му го „украде“ Аврамовски на Вардар?!

Актуелниот македонски првак Шкендија, која сезонава и покрај моќниот тим не личи на себе, има(ла) план како да го ослабне главниот ривал Вардар, кој моментно ѝ бега девет бода на табелата, па под Шара направиле стратегија да го украдат Даниел Аврамовски, моментно најдобриот фудбалер во Првата лига и новопечен репрезентативец.

Портали на албански јазик веќе објавија дека Шкендија подготвувала „мега бомба“ зимава за да го донесе Аврамовски, што би било двоен удар, зашто ем би добиле одличен фудбалер за пролетниот дел од сезоната, ем ги го ослабнале најголемиот ривал за титулата. Наводно, Шкендија имала подготвено „дебела“ понуда за да го донесе младиот фудбалер, кој беше дел од златната генерација која играше на Евро 2027 во Полска.

Аврамовски се врати во Македонија во јануари годинава и моментно игра во фантастична форма, прв стрелец е во лигата и стигна до повик за националниот тим за овие последни два евроквалификациски мечеви, а неодамна изјави дека бескрајно му е благодарен на Вардар што практично го „врати во живот“ после неуспешни авантури во странство откако прво замина во Црбена Звезда, а потоа во љубљанска Олимпија, па играше на заем и за Војводина.

Дали овие информации на дел од албанските меидуми во земјава се само шпекулација или има нешто што се крои во позадина во Тетово е прашање, но во Шкендија веќе им најавиле дека главниот спонзор ги намалува вложувањата, а најголемите ѕвезди добиле понуда да играат за помали пари, што сите го одбиле. Прв што си заминува е Бразилецот Фелипе, кој до летоска беше миленик на вардаровата публика.

Откако трае големото ривалство на Шкендија и Вардар, од скопските црвено-црните во тетовските во последниве две години покрај Фелипе замина и Висар Муслиу, како и Јакуп Бериша, додека од Тетово во Скопје единствено досега се пресели само Бесир Демири, бившиот младински репрезентативец на Макеоднија кој од лани реши да игра за Албанија.