Шкендија му го „украде“ десното крило на големиот ривал Шкупи!

Тетовскиот фудбалски прволигаш Шкендија значајно го засили составот пред продолжувањето на првенството, ангажирајќи го Фабрис Тамба од таборот на директниот ривал Шкупи.

Станува збор за 21-годишно десно крило од Сенегал, кое пристигна во Шкупи пред почетокот на минатата сезона. Тој во досегашните 12 настапи во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) постигна три гола и забележа една асистенција.

Тамба кариерата ја започна во Португалија, настапувајќи за младинските категории на Ковиља и Беира Мар. Минатата година премина во Б тимот на Брага, од каде што летоска се пресели во Шкупи.