Астон Вила му продаде фудбалер на Ал Наср за 77 милиони евра

Колумбискиот напаѓач Џон Дуран од денеска е втор најскап фудбалер продаден од Астон Вила.

Рекордот го држи Џек Грилиш кој во 2021 година се пресели во Манчестер Сити за 117 милиони евра, но и сумата која клубот од Бирмингем ја доби за Дурам е огромна. Колумбиецот се сели во Ал Наср каде ќе му биде соиграч на Кристијано Роналдо, а Вила за него ќе заработи 77 милиони евра. Оваа сезона Дурам е втор стрелец на својот досегашен тим со 10 гола од кои седум во Премиер лигата и три во Лигата на шампионите.

Колумбискиот фудбалер има само 21 година, во Астон Вила дојде пред точно една од Чикаго Фајр за 20 милиони евра што значи дека премиерлигашот за 12 месеци ќе заработи безмалку четири пати поголема сума.