Шкендија ги пушти во продажба билетите за Јагелонија - пак се скапи!

Eкипата на Шкендија денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварот од третото коло против Јагелонија кој ќе биде втор на домашен терен за тетовци.

Во првиот против Шелбунр посетеноста на стадионот во натпреварот кој беше најавен како историски бидејќи беше прв за Шкендија во лигашката фаза дома посетеноста беше и тоа како слаба, но тоа не ги премисли луѓето во раководството и цените повторно се исти.

Како и минатиот одново билетите се движат по цена од 500 до 800 денари во зависност од местото на седење, а има и ВИП влезници по цена од 2000 денари. Билетите може да се купат на неколку места во Тетово, Гостивар и Скопје.

ТЕТОВО:

Дони Тобако – Центар (Блок 2)

Пика Тобако – Центар (Блок 2)

Монако Тобако – кружен тек кај поранешната слаткарница „Такси“ (Јужна трибина и ВИП)

ЕР Тобако – Автобуска станица (Блок 2 и 5)

Пити Тобако – Зелен пазар (Блок 5)

Во Гостивар, продажбата ќе започне од понеделник во објектот „Вестерн Унион Лира“ кај „Барок“ (Блок 5).

Во Скопје, билетите ќе бидат достапни само на денот на натпреварот (6 ноември) на билетарата на арената „Тодор Проески“.

Од клубот информираат дека при формирањето на цените се почитувани стандардите на УЕФА.

Цените за Јужна трибина се 500 денари (блокови 1 и 6), 600 денари (блокови 2 и 5) и 750 денари (блокови 3 и 4), додека за Северна трибина билетите чинат 500 денари (блок 13), 700 денари (блокови 20, 21 и 23), 800 денари (блок 14), а ВИП-зоната (блок 22) чини 2000 денари.

Натпреварот е закажан за на 6 ноември во терминот од 21:00 часот.