Арсенал со три бода се враќа од Барнли, Нотингем го сопре налетот на Јунајтед! (ВИДЕО)

Арсенал со триумф од 2-0 на гостувањето кај Барнли го продолжи победничкиот од во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед одигра 2-2 кај Нотингем форест и ја прекина серијата од три победи по ред.

Топчиите поведоа уште во 14. минута со гол на Виктор Ѓокереш по корнер, 20 минути подоцна Деклан Рајс реализираше по еден контра напад за предност на Арсенал од 2-0 што беше и конечен резултат на мечот.

Манчестер Јунајтед во Нотингем допатува со три победи по ред, но таа победничка серија е прекината денеска.

Црвените Ѓаволи добро го почнаа мечот, поведоа со гол на Касемиро во 34. минута. Со тој резултат заврши првото полувреме.

Нотингем имаше страшен влез во првиот дел, по само пет минути игра веќе водеа со 2-1 со голови на Гибс Вајт и Савона. Нивната предност траеше до 81. минута кога Диало погоди за 2-2.

Тимот на Аморим се бореше за пресврт и победа, но не успеа да дојде до неа.

Во другите натпревари од овој термин Кристал Палас со 2-0 го совлада Брентфорд, Брајтон со 3-0 беше подобар од Лидс, со истиот резултат славеше и Фулам над Вулвс.