Никој во Германија не му е дораснат на Баерн Минхен (ВИДЕО)
На домашен терен, „баварците“ го совладаа Баер со 3-0 и сега имаат 27 бода со гол разлика 33-4. Гостинскиот тим до ова коло беше во серија од четири победи, но остана на 17 бода, 10 помалку од бранителот на титулата.
Се на овој меч беше решено во првото полувреме, поточно во неговите последни 20 минути кога Баерн ги постигна сите три гола. Гнабри го отвори резултатот, на 2-0 зголеми Џексон кој доби шанса во стартната постава поради повредата на Хари Кејн, а конечниот исход го постави Баде со автогол непосредно пред завршувањето на полувремето.
И на почетокот на ноември, Баерн останува со максимален ефект во сите натпреварувања во кои учествува(ше) бидејќи досега не само што не загубил, туку и не одиграл нерешено.