Четврта победа по ред - Реал ќе „преспие“ на +8 од Барса (ВИДЕО)
Блескаше Килијан Мбапе кој два пати ја затресе противничката мрежа, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Белингам и Карерас. Интересно е тоа што и на овој натпревар Реал доби два пенала, но еден од нив не искористи Винисиус кој со тоа пропушти можност да го зголеми своето конто голови.
Сега Реал има седум бода повеќе од второпласираниот Виљареал и дури осум од Барселона која утре го игра својот натпревар против Елче.