Кузмановски и Дамјановска - најдобри ракометари во Македонија за 2025 година
Доделени беа вкупно 14 награди, вклучувајќи ги и оние за најдобрите ракометари во машка и женска конкуренција. Очекувано, признанијата отидоа во рацете на капитенот на Пелистер, Филип Кузмановски и ракометарката на Ѓорче Петров, Катерина Дамјановска кои со своите екипи минатата сезона ги освоија шампионските трофеи во домашното првенство.
За најдобри тренери се прогласени селекторот и шеф на стручниот штаб на Алкалоид, Кирил Лазаров и предводникот на Ѓорче Петров, Симе Симески.
Посебно признание, постхумно му е доделено на поранешниот селектор на македонската репрезентација Илија Темелковски кој почина неодамна,
Најдобри во Македонија во изборот на РФМ - 2025 година
Најдобра млада ракометарка: Марија Јанкуловска (Металург А.)
Најдобар млад ракометар: Димитар Узунчев (Бутел Скопје)
Најдобра ракометарка странец: Ана Вранчиќ (ЖРК Ѓорче Петров)
Најдобар ракометар странец: Дмитро Хориха (РК Вардар)
Најдобра судиска двојка: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Најдобар стрелец во машка лига: Давид Димевски (МРК Куманово)
Најдобар стрелец во женска лига: Марија Анчева (ЖРК Астибо)
Најдобар ракометар во избор на публиката на социјалните мрежи: Никола Митревски (Пелистер)
Најдобра ракометарка во избор на публиката на социјалните мрежи: Теодора Гулипска (Чаир)
Награда за посебен придонес: Илија Темелковски
Најдобар тренер мажи: Кирил Лазаров (РК Алкалоид)
Најдобар тренер жени: Симе Симовски (Ѓорче Петров)
Најдобра ракометарка: Катерина Дамјановска (Ѓорче Петров)
Најдобар ракометар: Филип Кузмановски (Пелистер)