Алкараз сака да ги урне двата најголеми рекорди на Ѓоковиќ!

Шпанската тениска ѕвезда, Карлос Алкараз вели дека целта во кариерата му е да ги најважните рекорди на Новак Ѓоковиќ со што би станал најголемиот тенисер на сите времиња.

Бројките велат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер кој некогаш се појавил во оваа игра, па она што го има направено српскиот тениски ас е предизвик за најмладите.

„Сакам да урнам два рекорди на Новак Ѓоковиќ, бројот на освоени Грен слем титули и бројот на недели поминати на првото место на АТП листата“, изјави Алкараз.

Новак Ѓоковиќ има 24 Грен слем титули, Карлос Алкараз досега има шест, но има и уште многу години за играње пред него. Србинот 428 недели бил прв на АТП листата, тоа е втората бројка која Шпанецот цели да ја стигне.