Шкендија Арачиново изби на врвот, Новаци го тропедираа Големо Коњари

Eкипите од врвот на табелата во своите натпревари од 13:30 часот енеска во рамките од деветтото коло не дозволија изненадувања и славеа победи.

Шкендија Арачиново која води битка за Брегалница за врвот на табелата потешко од очекуваното ја оправда фаворитската улога во Прилеп славејќи со 1-0. Со овој пораз за Победа беше прекинатата серијата од два триумфи во претходните две кола.

Победа со 2-1 забележа и третпласираниот Охрид кој гостуваше во Преспа која по победата во минатото над Тетекс сега повторно им се врати на поразите. Скопје кој е едно место подоле на четвртата позција денеска со истиот резулат славеше во Каменица кај Саса.

Најубедливи од сите натпревари беа Новаци кои ја декласираа последнопласираната екипа на Големо Коњари со 7-0.

На останатите средби Беласица забележа триумф од 2-0 над Кожуф, Тетекс дома го совлада Осогово со 3-0, додека Вардар Неготино и Слога Виница ремизираа 2-2.

Во последниот натпревар денеска од 17:00 часот во Штип силите ќе ги одмерат Бреегалница и Детонит. Штипјани со победа одново би се израмниле со Шкендија Арачиново на лидерската позиција со по 26 бода.

Каменица Саса - Скопје 1-2

Кожуф - Беласица 0-2

Новаци - Големо Коњари 7-0

Победа - Шкендија Арачиново 0-1

Преспа - Охрид 0-2

Тетекс - Осогово 3-0

Вардар Неготино - Слога Виница 2-2

17:00 Брегалница - Детонит Плачковица