Во Серија А веќе нема непоразени, Заниоло ја урна Аталанта! (ВИДЕО)

Аталанта го доживеа првиот пораз во Серија А оваа сезона откако загуби со 0-1 на гостувањето кај Удинезе, единствениот погодок го постигна Николо Заниоло.

Иако немаше пораз во првите девет кола, Аталанта не играше добра сезона бидејќи имаше само две победи и дури седум нерешени средби.

Денеска првпат ја почувствуваа горчината на поразот, а виновник за тоа беше поранешниот играч на Рома, Никола Заниоло.

Клучниот момент се случи во 40. минута кога Заниоло постигна гол за водство на Удинезе од 1-0, што беше и конечен резултат.