Фанот на Јунајтед ќе почека уште долго за шишање, но дали тоа му одговара!? (ВИДЕО)

Нотингем форест денеска ја прекина победничката серија на Манчестер Јунајтед, а тоа значи дека виралниот навивач на Црвените ѓаволи, Френк Илет нема наскоро да се шиша.

Пред нешто повеќе од една година, фанот на Јунајтед, Френк Илет, вети дека следен пат ќе се шиша кога неговиот тим ќе врзе пет победи по ред.

Оттогаш првпат Јунајтед врза три победи по ред, по што Илет можеби се понадева дека се ближи денот кога повторно ќе го посети својот бербер, но серијата е прекината, па ќе мора да чека, веројатно уште долго.

Но, што се случува во меѓувреме. Илет со своето ветување стана интернет сензација, неговиот профил на Инстаграм го следат повеќе од половина милион следачи, стана инфлуенсер,а почна да снима и професионални реклами.

Вчера излезе реклама со него од обложувалницата „Педи Паур“, која Илет сигурно добро ја наплатил.

Се верува дека Илет веќе стана милионер благодарение на неговата популарност, па ако на почетокот се молел Јунајтед да врзе пет победи и да се ишиша што побрзо, сега можеби повеќе сака тоа да не се случи како неговата сензација би траела уште повеќе, а со тоа би се зголемувале бројките на неговата банкарска сметка.