Шаркоски ја прекина серијата порази на Работнички

Поранешниот македонски првак Работнички ја прекина серијата од три порази во низа во Првата лига, после денешното реми 1-1 со Академија Пандев во Струмица на отворањето на 13-то коло во Првата лига.

Никола Шаркоски со гол во 72-та минута од мечот го обезбеди бодот за дебармаалци, кои остануваат последни на табелата, но му овозможија на Вардар утре со триумф да избега на пет бода од струмичкиот тим.

Кристијан Стојкоски во 23-та минута ја донесе Академија Пандев во водство, но струмичани не успеаа да ја задржат предноста за да запишат нова победа.

Утре се играат останатите четири меча во кои Вардар ја пречекува Ренова, Шкендија е домаќин на Борец, Македонија ЃП игра со Силекс, а Шкупи ја пречекува Струга Трим Лум.

Фото: ФК Работнички