Северна прокиснува: Дождот ја откри негрижата за скопската Арена (ВИДЕО)

Најголемата македонска фудбалска арена се распаѓа, тревникот не е единствениот проблем со кој се соочува, вчерашниот дожд откри и други аномалии кои настануваат поради неодржување на стадионот од надлежните институции.

Иако стадионот е релативно нов, северната трибина настана во 2009 година, веќе се јавуваат видливи траги од неквалитетна изградба или лошо одржување.

Вчера врнеше и во покриените делови од стадионот, во новинарската ложа која се наоѓа високо на северната трибина.

Голем дел од столчињата и масите на кои требаше да се сместат новинарите беа потопени со вода. 

Надлежно претпријатие за стопанисување со стадионот е Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор кое очигледно треба да ги засука ракавите и да поработи повеќе на одржување на градската арена.

Видеото и фотографии може да видите во објавата на „Оффнет“ на овој ЛИНК.