
Ѓоковиќ прскаше од смеа: Син му на Меси ме оценуваше, ми даде „осумка“
Сепак, на прес-конференцијата по мечот против Григор Димитров, Новак откри еден интересен момент кој се случил при средбата со Меси и неговото семејство во поттрибинскиот простор.
„Еден од синовите на Меси ми пријде и ми рече дека денеска сум играл за 8, што е прилично добро. Имаше сериозен израз на лицето додека ми го кажуваше тоа и ми рече дека на следниот меч морам да играм за 'десетка'. Сега сум под голем притисок“, рече Ѓоковиќ, смеејќи се додека го раскажуваше тоа.
Во финалето од Мастерсот во Мајами, тој ќе се сретне со младиот чешки тенисер Јакуб Меншик и тоа ќе биде можност да дојде до 100. трофеј во кариерата.