Седмо засилување во Чаир: Шкупи потпиша и со фудбалер на Гостивар

Фудбалерот од средниот ред, Ринор Ајдини го доведе и седмото засилување во своите редови и тоа Ринор Ајдини кој пристигнува од редовите на Гостивар.

Ајдини во изминатата сезона за Гостивар одигра 21 натпревар во Првата лига и успеа да постигне гол и да запише една асистенција.

Во кариерата беше дел уште од хрватскиот Драговољац, Работнички, Кадино и Тетекс.

Пред него во клубот Чаир пристигнаа: Андреј Ричков, Иван Николоски, Максимилијан Гроте. Емре Кадри, Адонис Милај и Малик Хајвали.