Ренова: Не ни е гајле за фудбалот, сега е време да се грижиме за нашето здравје!

Фудбалскиот клуб Ренова излезе со официјално соопштение и ги потврди четирите позитивни случаи на Ковид-19 во тимот.

Од Џепчиште велат дека засега имињата на позитивните лица ќе останат тајна, додека не биде потврден и вториот тест. Ренова сега воопшто не резмислува за продолжување на сезоната, туку најважно е здравјето на фудбалерите и нивните најблиски.

„Со жалење ја информираме јавноста дека вестите што ги прочитавте денеска се вистинити, за жал имаме четири позитивни случаи на Ковид-19. Имињата на лицата ќе бидат објавени во следните денови, не дека сакаме да ги чуваме во тајност, туку ќе почекаме да бидат направени вторите тестови и истите да бидат потврдени. Ренова ги прекина сите активности додека не добиеме препораки од властите. Ние како клуб моментално воопшто не нè интересира дали сезоната ќе продолжи да се игра или нема, нашата примарна грижа е здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека сега некои други луѓе ја разбраа сериозноста на ситуацијата. Здравјето е пред сè!“, стои во соопштението на „гипсарите“.