Работнички се засили со македонски репрезентативец од Црвена Звезда

Работнички продолжува со засилувањата за следната сезона, а најново име во Дебар Маало е Страхиња Крстевски.

Бившиот младински репрезентативец пристигна како позајмен фудбалер од Црвена Звезда, па ќе остане во Работнички една сезона и ќе го засили нивниот напад.

Крстевски својата кариера ја почна во Пролетер Зрењанин, а има настапувано и за Локомотив Софија.

ФОТО: ФК Работнички