Пример за сите: Фудбалските младинци донираа на четири семејства! (ФОТО)
Репрезентативците донирале неколку килограми брашно, ориз, тестенини, килограм масло, шампон, средства за хигиена, информираат од ФФМ, преку социјалните мрежи.
„Момците од нашата младинска репрезентација наполнија само дел од полициите на четирите семејства, но срцата им беа целосно полни. Немојте да се оптоварувате со количините, секоја помош е добредојдена“, пишува во објавата.