Познати се полуфиналните двојки во Купот: „Лавовите“ гостуваат во Струга

Денеска во Фудбалската федерација на Македонија беа одредени паровите за полуфиналето во Купот. 

Македонија Ѓорче Петров за ривал ја доби Струга, а натпреварот се игра крај Охридското Езеро. Бранителот на трофејот и актуелен второлигаш Силекс ќе ги одмери силите со последнопласираниот тим во Првата лига, Пелистер и тоа во Битола.

КУП НА МАКЕДОНИЈА
(ПОЛУФИНАЛЕ)

Струга - Македонија ЃП
Пелистер - Силекс

Натпреварите се закажани за 20 април со почеток од 16 часот, додека финалето е на 20 мај на арената „Тодор Проески“ во Скопје.