Поранешен македонски репрезентативец ја засили Брегалница

Брегалница денеска го претстави поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, кој доаѓа од редовите на Динамо Тирана, каде што играше во претходните две сезони.

Силјановски во текот на кариерата настапуваше уште за Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Тетекс, Ренова и Работнички, а за репрезентацијата на Македонија одигра четири меча.

Ова е четврто засилување за екипата од Штип пред стартот на новата сезона во Првата лига, откако претходно за екипата потпишаа Давид Денковски, Борха Кордоба и Ѓорѓи Ѓорѓиев.