Ништо од ново чудо на Вардар, шампионот ја доби Воска со гол во 100-тата минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс ја одбранија предноста на домашниот терен и го спречија налетот на некогаш најголемиот ривал за титулата, тимот на Вардар, откако го совладаа денеска со 3-1 во одложениот меч од 15. коло, кој не се одигра пред една недела поради обилни врнежи на снег.

Црвено-црните во Кратово допатуваа осоколени по големата победа над Македонија во Ѓорче Петров пред неколку дена, а нивната огромна мотивација се виде и со стартното водство со голот на Мишковски по 14 минути игра. Но, радоста на Комити траеше кратко, бидејќи само шест минути подоцна изедначи Каланоски со одличен погодок со глава. Истиот фудбалер го донесе домаќинот во водство со гол во 27. минута и тоа откако најдобро се снајде по пеналот што претходно му го одбрано вардаровиот голман, Филип Гачевски. Кратовци победата ја најавија со голот на Серафимовски во 77. минута, додека Јусуфи во претпоследната минута само ја намали негативата.

Драматично беше и на вториот денешен меч, во кој актуелниот шампион Струга Трим Лум тешко дојде до трите бода во пресметката со Воска (1-0) и тоа со голот на албанскиот интернационалец Згуро од пенал дури во 99. минута од натпреварот.