
Начевски по пауза од две децении се враќа во Вардар!
Меѓу „црвено-црните“ тој се враќа по пауза од 20 години откако во 2005, тогаш како играч, го напушти клубот и се пресели во грчкиот Ерготелис. Во Вардар помина седум сезони во кои освои две шампионски титули и два Купа на Македонија и имаше огромен придонес во остварувањето на овие успеси, како и во сезоната во која најтрофејниот македонски клуб беше на чекор од групната фаза во Лигата на шампионите, елиминирајќи ја ЦСКА Москва во второто квалификациско коло. Подоцна, во својата дводецениска кариера играше и за Керкира, Баку, Илиуполи, Металург, Тетекс и Академија Пандев од каде во 2017 година замина во пензија.
„Со задоволство ја прифатив понудата да бидам дел од стручниот штаб на Вардар“, рече Начевски.
И покрај ангажманот во Вардар, тој останува селектор на У17 репрезентацијата на Македонија каде беше назначен на почетокот од оваа година.