Кулминација на нервозата во Шкендија: Ќе се испотепале тренерот Беќири и лекарот на тимот!?

Екипата на Шкендија славеше победа против Шкендија Арачиново во полуфиналето од Купот на Македонија, но и покрај тоа според информациите на порталот на албански јазик „Инфоспорт“ стратегот на тетовци, Јетон Беќири бил исклучително бесен што се забележало по неговата реакција.

Наводно за време на ракувањето, Беќири му се обратил со неколку зборови на главниот судија Стојанов, при што се забележувало незадоволство и силна нервоза, која подоцна ја покажал и кон еден од членовите на медицинскиот тим на неговиот тим, Дритан Беќети.

Реакцијата на Беќири резултирала со жестока расправија со Беќити и како што се наведува само поради интервенцијата на останатите членови на тимот било спречено да дојде до поголем скандал. 

Инаку, против Беќири пред само два дена беше отворена постапка и од Дисциплинската комисија на ФФМ поради навреди кон полициски службеник во натпреварот против Силекс во Кратово кој заврши со резултат 1-1.