Реал Мадрид ги соопшти казните за Валверде и Чуамени!

Откако во текот на вчерашниот ден Реал Мадрид го потврди инцидентот кој се случи помеѓу Федерико Валверде и Винисиус Жуниор денеска е соопштена и казната за двајцата фудбалери.

Иако претходно се најавуваше дека двајцата можат да бидат суспендирани со одреден број натпревари, се споменуваше дури и во најлош случај раскинување на договорот поради сериозната на ситуацијата, но на крајот поминаа со парична казна.

Имено, клубот одлучи да им изрече казна од по 500.000 евра што секако не е мал износ. Во соопштението „кралевите“ наведуваат дека Чуамени и Валверде изразиле каење за ситуацијата и меѓусебно се извиниле.

Ќе потсетиме, поради здобиените повреди Валверде завршил и во болница поради повреди на главата и поради тоа ќе биде надвор од терените околу две недели. Уругваецот во своето соопштение истакна дека повредата ја заработил сам при пад и дека не е виновен Чуамени.