Првиот геј брачен пар - сопственици на клуб, одат на суд поради силување и трговија со луѓе!

Сопствениците на англискиот фудбалски клуб Малдон и Типтри кои беа познати и како прв британски геј брак обвинети се за повеќе кривични дела, меѓу кои силување, сексуален напад и трговија со луѓе за сексуална експлоатација.

Според информациите на медиуми Бари Друит-Барлоу и неговиот сопруг Скот Друит-Барлоу биле уапсени во текот на вчерашниот ден.

Форензичари во рамки на истрагата извршиле претреси на стадионот на клубот, нивната куќа во Саутвуд Чејс во Данбери, како и пабот „Свон“ во Брејнтри, кој е во сопственост на Бари.

Исто така бил одземен и Ролс-Ројс во сопственост на Бари за вештачење, возилото е дел од поголема количина докази собрани на стадионот кој сега го носи неговото име.

Бари кој е бизнисмен од секторот за недвижности, стана познат во 1999 година кога со тогашниот партнер Тони беа претставени како првите хомосексуални татковци во Британија, откако добија деца преку сурогат-мајка. Подоцна се појавуваше и во реалити емисии како „Рич Хаус, Пор Хаус“ и „Белов Дек Сејлинг Јахт“.

Во 2025 година, Бари и Скот склучија повеќемилионски договор за преземање на Малдон и Типтри и го водеа клубот до седмото ниво на англискиот фудбал.

Бари одлучи и стадионот да го преименува по себе и тврдејќи дека откако тој го преземал клубот просечната посетеност пораснала од 70 на 800 гледачи.