Влаховиќ го даде најбрзиот гол за Јуве во Серија А, му требаа 12 секунди! (ВИДЕО)

Само што тргна акцијата од центарот, Душан Влаховиќ постигна гол, официјално погодокот му е запишан во 12. секунда.

Според „Опта“, голот на Влаховиќ е најбрз погодок за Јувентус во Серија А, претходно рекордот го држел Артуро Видал кој постигнал гол против Интер во 2012 за 18 секунди.

Но, погодокот на Влаховиќ не е и најбрз во Серија А. Рекордот го држи Леао кој даде гол по шест секунди игра, а Лозано има постигнато погодок за девет секунди.