Сити во вториот дел го скрши Брентфорд и остана во трка за титулата! (ВИДЕО)
Брентфорд беше рамноправен противник еден час, а тогаш Доку постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.
По дадениот гол, падна голем товар од грбот на Сити, па почнаа полесно да играат и да напаѓаат по втор погодок.
Тоа се случи во 75. минута кога Халанд зголеми на 2-0, во судиското продолжение гол даде и Мармуш за конечна победа од 3-0.
По 35 одиграни натпревари Арсенал има два бода повеќе од Манчестер Сити и за еден гол подобра гол разлика.