Двајца членови на Торцида со тајмер на далечинско го запалиле ударниот транспарент на БББ!

Навивачката група „Торцида“ во досега невидена акција на „Максимир“ во Загреб го запали транспарентот на „Бед Блу Бојс“, по што полицијата приведе две лица на натпреварот меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит (2-0).

Според информациите, двајца членови на „Торцида“ со тајмер на далечинско го запалиле ударниот транспарент на навивачите на Динамо Загреб, по што пожарот брзо се прошири, а мораше да интервенираат и пожарникари.

По запалениот транспарент, навивачите од „Торцида“ истакнаа парола на која пишуваше „Последното дерби чадевте, а сега горите“.