Луди сцени: Навивачи влегоа во терен и го прекинаа мечот! (ВИДЕО)
Славија беше домаќин на овој меч, тие водеа со 3-2 и се очекуваше натпреварот да заврши со тој резултат. Но, пред судискиот свиреж се случи голем инцидент кога навивачи на Спарта Прага влегоа во теренот со факели.
Мечот е прекинат, играчите на двата тима се повлекоа во соблекувалните. Сега се очекува одлука на Фудбалската федерација.
Славија во моментов има осум бода повеќе од пред Спарта и сигурно ќе ја освои титулата во Чешка.
За овој инцидент Славија може да добие големи казни.