Струмица ја доби мајсторката со Бутел и ќе игра во Суперлигата!
Денеска се играше клучниот дуел за влез во Суперлигата, Струмица 2001 и Бутел во мечот влегоа со нерешени 1-1, па кој ќе го добиеше денешниот меч одеше во лигата на најдобрите.
Струмичани се покажаа како подобар противник, имаа постојано водство во текот на мечот, не им дозволија на гостите да размислуваат за изненадување и на крајот го добија натпреварот со 81-76 по што славјето можеше да почне.
Најдобар на теренот беше Димитар Пандев кој реализираше 30 поени и ги предводеше струмичани до победата, Александровски реализираше 17 поени, двоцифрен беше и Јованоќ со 11. Кај Бтел, најдобар беше Мартиноски со 15 поени.