Хаос и прекин во Словенија: Голман удрен со факел, првото полувреме траеше колку цел меч (ВИДЕО)
Главниот судија беше принуден трајно да го прекине натпреварот откако од трибината со најжестоките навивачи на Марибор кон теренот беа фрлени голем број пиротехнички средства. Во хаосот бил погоден голманот на Олимпија, Матевж Видовшек, по што арбитерот проценил дека услови за продолжување на мечот повеќе нема. Фудбалерите на двата тима веднаш биле повлечени во соблекувалните, а натпреварот не продолжил. Проблемите започнале уште во првото полувреме, кога поради навивачки инциденти играта била прекинувана неколкупати, па првиот дел траел дури 72 минути. Видеото од инцидентот погледнете го ТУКА.
Во моментот на прекинот, Олимпија водеше со 1-0 благодарение на голот на Антонио марин во 12. минута. Според правилата, се очекува натпреварот да биде регистриран со службени 3-0 во корист на клубот од Љубљана. Инцидентот е само дополнителен удар за Марибор, кој минува низ една од најтешките сезони во поновата историја. Клубот неодамна остана без тренер, а тимот освои само три бода во последните пет натпревари. Ниту ситуацијата во Олимпија не е многу подобра, бидејќи клубот се наоѓа на петтото место на табелата и, исто како Марибор, остана без шанси за пласман во европските натпреварувања.
Со тоа, за првпат во историјата, двата најтрофејни словенечки клуба во иста сезона ќе останат без настап на европска сцена.