Шок во УФЦ: Прв пораз на Чимаев, Стрикланд е шампион! (ВИДЕО)
Чимаев беше голем фаворит во овој меч, беше непобедлив досега во УФЦ, но работите се променија, Стрикланд кој имаше посебна тактика за овој меч, го шокираше светот.
Стрикланд беше одличен на нозе, упатуваше директи во главата на Чимаев, имаше преку 130 прецизни удари во главата на противникот. Одличен беше и на подот каде не му дозволуваше на Чимаев да доминира.
На крајот двајца од тројцата судии гласаа за победа на Стрикланд и тој сосема заслужено дојде до победата. Чимаев го призна поразот и како голем џентлмен дури и самиот му го стави појасот на шампионот.